Тројца загинати и стотици повредени во пожар на португалскиот остров Мадеира

Од:

Три лица загинаа во текот на изминатата ноќ во пожарот што го зафати португалскиот остров Мадеира, информираа  локалните власти, цитирани од ДПА.

Се смета дека жртвите се возрасни луѓе, кои престојувале во две куќи, што биле „проголтани“ од пламените јазици, во околината на Фуншал, главниот град на островот.
Две лица се примени во болница со тешки изгореници, а еден е исчезнат без трага, пишува дневниот весник „Публико“.

Над 300 лица се настрадани од изгореници од огнената стихија, што ги зфатила нивните станбени објекти и ги натерала во паничнко бегство во текот на ноќта. Околу 80 лица се хоспитализирани, а уништени се најмалку 37 куќи и еден хотел со пет ѕвездички.

Пожарот, засилен од топлото време и силниот ветар, ја наметнал евакуацијата на околу илјада локални жители и туристи.

Очевидци ги опишувале хаотичните ноќни сцени со луѓе, кои со големи брзина на нивните автомобили бегале од пламенот по спротивната страна на автопатот.

Пожарот на островот Мадеира, што се наоѓа на  источноафриканскиот брег на Португалија, почна во понеделникот, но противпожарните служби не успеаја да го локализираат. Се смета дека станува збор за подметнат пожар и полицијата веќе уапсила две лица.

Би можело да ве интересира

Опожарена семејна куќа во Младо Нагоричане

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски

Почна увидот во зградата во Чаир во која избувна пожар од импровизиран магацин во подрумот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре складиран изборен материјал во пожар во подрумот на Општина Тетово

Сакале да крадат од зградата која гореше во Чаир, приведени двајца

Изгаснат е пожарот во зградата во Чаир, ќе се утврдува состојбата на објектот

Катерина Ѓуровски