Тројца загинати и 130 повредени во судирите во Египет

Од:

Во судирите меѓу приврзаниците и противниците на египетскиот претседател Мохамед Морси загинаа три лица, меѓу кои и еден Американец, а 130 луѓе се повредени.

Властите на САД ги предупредија Американците да не патуваат во Египет. Стејт департментот по вчерашните судири им порача на дел од дипломатскиот персонал да го напуштат Египет, а на американските државјани кои се во земјата да бидат внимателни.

Главниот аеродром во Каиро е преполн со патници, а летовите за Европа, за САД и за земјите од Персискиот Залив се пополнети, тврдат очевидци.

Тензиите во Египет се зголемени пред најавениот масовен протест в недела, на која ќе се бара оставка од претседателот.

Протестот треба да се одржи во реонот на претседателската палата во Каиро и се очекува да учествуваат околу еден милион луѓе. Приврзаниците на Морси тврдат дека претседателот има легитимитет да остане на власт.

Во Александрија синоќа загинаа две лица кога демонстрантите ја запалива канцеларијата на политичкото движење Муслиманско братство, кое го поддржува Морси. Се уште не се познати деталите за загинувањето на Американецот кој работел во Американскиот културен центар, едни тврдат дека тој бил прободен во пределот на градите, а според други тој бил ранет од огнено оружје.

Втората и третата жртва се египетски државјани, кои загинаа во Александрија односно во Мансура.

Десетици илјади антивладини демонстранти вчера протестираа во повеќе египетски градови, но имаше и контрапротести од приврзаниците на Морси.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски