Тројца тинејџери загинаа во тешка сообраќајка во Шкотска

Од:

Тројца тинејџери загинаа синоќа во тешка сообраќајна несреќа во Шкотска. Несреќата се случила кога автомобил форд фиеста“ во која се возеле излетал од патот, јавува Скај њуз.

Службите за итни случаи биле повикани на несреќата на автопатот А830, јужно од Арисаиг, околу 23:15 часот. По пристигнувањето на местото на несреќата, можеле да ја констатираат смртта на три млади лица – возачот и двајца патници.

Иако сè уште не е извршена формална идентификација, полицијата на Шкотска соопшти дека се верува дека сите три жртви се млади мажи во тинејџерски години.

– Нашите мисли се со семејствата и пријателите на луѓето што загинаа во оваа несреќа – рече локалниот инспектор.

Тој истакна дека истрагата е во тек со цел да се утврдат сите околности што доведоа до трагедијата.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он

Двајца загинати, тешко повредено дете во три сообраќајки во 24 часа