Тројца студенти загинаа, a четворица се повредени при уривање на ѕид на португалски универзитет, соопшти локалната служба за брза помош.
Еден од повредените студенти е во критична состојба.
Несреќата се случила на универзитетот „Мињо“ во северниот португалски град Брага.
Двометаски ѕид, што бил во лоша состојба, се урнал додека покрај него минувале група студенти по информатика на возраст меѓу 18 и 20 години.
Околностите под кои се случила несреќата се уште не се разјаснети.