Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Од:

Тројца шпански туристи и еден авганистански државјанин беа застрелани во петокот во Бамјан, туристички град во централен Авганистан, соопштија шпански и авганистански официјални извори.

Ова е прв напад врз странски туристи во Авганистан откако Талибанците се вратија на власт во август 2011 година.

„Тројца странци и еден Авганистанец се убиени“, а „четворица странци и тројца Авганистанци се ранети“ во вооружените напади, рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кание, без да појасни дали едно или повеќе лица стојат зад нападот.

Во Мадрид извор од МНР објави дека тројцата убиени странци се Шпанци.

„Тројца Шпанци загинаа, а најмалку еден е ранет во престрелка во Авганистан“, изјави изворот, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додаде дека министерството се обидува да разјасни што се случило, да им помогне на повредените и да контактира со семејствата.

Премиерот Педро Санчез изјави дека е шокиран од убиството на шпанските туристи и додаде дека ја следи ситуацијата.

Во Кабул портпаролот на МВР соопшти дека се уапсени четворица осомничени.

Болнички извори соопштија дека четворицата повредени се државјани на Норвешка, Австралија, Литванија и Шпанија.

Засега не е познато кој бил мотивот за нападот.

Бамјан е главната туристичка дестинација во Авганистан, во која има и дел под заштита на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

A1on