Тројца мажи депортирани од Саудиска Арабија бидејќи биле „неодоливи“ за жените

Од:

Тројца мажи со примена на сила, биле исфрлени од фестивал на култура во Саудиска Арабија, заради загриженоста дека се „премногу згодни“ за да им одолеат жени.

Религиската полиција од тоа конзервативно исламско кралство, натерала тројца мажи од ОАЕ да го напуштат Фестивалот за култура и наследство во Ријад.

Комисијата за промоција на добрите навики и превенција од пороци во Саудиска Арабија, депортирале мажи во Абу Даби за да „не се палат“ жени на нив. Тие на фестивалот биле дел од делегацијата на ОАЕ, објави Телеграф.

Арапскиот весник Елап објави дека според официјални лица, тројца мажи биле исфрлени од фестивалот бидејќи се премногу згодни, а членовите на Комисијата се уплашиле дека посетителките може „да паднат на нив“.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија