Тројца катарски војници загинале во Јемен, каде биле испратени во состав на сунитската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, која се бори против шиитските бунтовници Хути, соопштија катарски власти.
Катарските медиуми објавија дека војниците „вчера станале маченици“ на првиот ден од големиот муслимански празник Курбан бајрам.
Ова е најтешката загуба за Катар, откако коалицијата интервенираше во конфликтот во Јемен во март минатата година.
Катар во ноември соопшти дека загубил еден војник.
Во Јемен се распоредени околу илјада катарски војници.