Тројца јеменски војници загинаа во напад на Ал Каеда

Од:

Тројца јеменски војници загинаа, а деветмина се повредени, во самоубиствен напад извршен од страна на припадник на терористичката група Ал Каеда во јужниот дел на Јемен.

Нападот со автомобил-бомба бил извршен врз новосоздадениот воен камп во Лодер, во провинцијата Абјан.

Во овој камп позиции зазедоа војниците од баталјонот 103 на војската, што е лојална на Владата на претседателот Абд Рабу Мансур Хади.

Тој баталјон неодамна доби наредба, по барање на арапската коалиција, што ги поддржува силите на Хади, да заземе позиции во провинцијата Абјан, со цел да се бори против Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен