Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

Од:

Тројца Италијанци загинаа во падот на хеликоптер кој превезувал скијачи во Канада, а четири лица се тешко повредени, јави денеска АНСА.

Локална туристичка компанија која организира летови за скијачите соопшти дека најмалку три лица загинале, а неколку тешко се повредени кога хеликоптер со скијачи се урнал во близина на Терас, во канадската провинција Британска Колумбија.

Компанијата „Northern Escape Heli-Skiing“ веднаш не соопшти повеќе детали за несреќата што се случи во понеделникот, објави Вашингтон пост.

Компанијата соработува со канадската коњичка полиција и властите кои ги истражуваат причините за инцидентот, изјави претседателот на Northern Escape, Џон Форест.

Најмалку седум лица се наоѓале во хеликоптерот, соопшти локалната волонтерска спасувачка група.

Терас е град со 12.000 жители, на околу 112 километри од границата со Алјаска.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка