Германското федерално обвинителство денеска во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца Германци, двајца мажи и една жена, под сомнение дека работеле за кинеската тајна служба најмалку од 2022 година.
Станува збор за германски државјани кои биле уапсени од припадници на Федералната полиција (БКА), јавуваат германските медиуми.
Како што пренесува „Велт“, биле претресени куќите и работните места на осомничените.
Се тврди дека еден од осомничените, Томас Р. добил информации во Германија за иновативни технологии кои би можеле воено да се користат за Кинеската тајна служба (MSS), а му помагала брачната двојка Хервиг Ф. и Ина Ф, која води компанија од Дизелдорф.
Со помош на нивната компанија успеале да воспостават контакт и да соработуваат со германски истражувачи и научници, пренесува „Велт“.