Тројца египетски полицајци загинаа денеска во експлозија на автомобил-бомба во близина на зградата на Министерството за надворешни работи и седиштето на државната телевизија во Каиро, соопшти полицијата.
Како што на наведува во соопштението, меѓу загинате се наоѓа и клучниот сведок на судењето на соборениот егишпетски претседател исламист Мохамед Морси.
Одговорност за денешната експлозија преку Твитер презеде исламистичката група Анад Миср, кој дсоега изведе повеќе бомбашки напади во Каиро.
Неколку десетица полицајци загинаа во бобашките напади организирани по соборувањето на Морси во јули мината година.