Тројца египетски полицајци убиени на Синајскиот Полуостров

Од:

Тројца египетски полицајци беа убиени изминатата ноќ во северниот дел на Синајскиот Полуостров, соопштија силите за безбедност.

Полицајците биле застрелани од непознати вооружени мажи во одделни напади. Двајца од нив биле убиеи во градот Ел Ариш.

Ситуацијата на Синајскиот полуостров е тензична, откако по соборувањето од власт на претседателот исламист Мохамед Морси на 3 јули од страна армијата зачестија нападите врз силите за безбедност, но и врз цивили.

Присуството на египетски војници на Синај е ограничено со мировниот договор со Израел од 1979 година.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет