Тројца Британци осудени за тероризам во Лондон

Од:

Судот „Олд Бејли“ во Лондон денеска осуди тројца Британци под обвинение за подготвување на терористички напади на територијата на Велика Британија.

Ричард Дарт, кој по преминувањето во ислам се преименувал во Салахудин ал-Британи, е осуден на шест години, Имран Махмуд на девет години и девет месеци, а Јахантир Алом на 4,5 години затвор.

Дарт и Махмуд се Британци, додека третообвинетиот Алом е роден во Бангладеш, но е британски државјанин. Сите тројца живеат во британскиот главен град.

Терористичкото трио планирало напади во малиот англиски град Вутон Басет, во чија близина се наоѓаат еден воен аеродром и воена база. Ова место е познато во Велика Британија по парадите што се одржуваат низ неговите улици секогаш кога од Авганистан се враќаат британскте војници од меѓународните сили под команда на НАТО, а низ градот поминува и поворката со посмртните останки на загинатите Британци во мисиите во странство.

Дарт или Ал Британи, работеше како чувар во Би-Би-Си, додека Алом работеше како позорникар кои патролира по лондонските улици, како невооружена поддршка на полицијата.

Сите тројца се уапсени во Лондон, на неколку недели пред почетокот на минатогодишните Летни олимписки игри. Тројцата патувале во Пакистан каде поминале курс за терористичка обука.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот