Најмалку 13 лица загинаа, а три други се повредени во несреќа што се случи денеска во северната индиска држава Утар Прадеш, кога воз удри во џип на железнички премин, соопштија индиските власти.
Судијата Џаи Чанд Пандеј изјави дека несреќата се случила разно изутрината кога жртвите се враќале од свадбена веселба од градот Горакпур, 740 километри источно од Њу Делхи.
Пандеј истакна дека три лица се хоспитализирани и оти едно од нив е во критична состојба.
Железничките несреќи се честа појава во Индија, земја во која се наоѓа една од најдолгите железнички мрежи во светот, која опслужува околу 20 милиони луѓе дневно.