Осумнаесет јеменски војници и 12 членови на Ал Каеда денеска се убиени во жестоките борби во јужниот дел на Јемен, соопштија француските медиуми.
Армијата презеде широка офанзива во обид да ги протера борците на екстремистичката организација од нивните бастиони.
Воената акција против локалитетите контролирани од Ал Каеда во провинциите Шабва и Абијан почна 10 дена по серијата напади со американски беспилотни авиони и на јеменската армија врз базите и тренинг камповите на екстремистите, во кои загинаа шеесетина лица.
Денешните судири беа предизвикани од поставената засада на борците на Ал Каеда врз воен конвој во провинцијата Шабва, посочија воени, медицински и локални извори. Во заседата загинаа вкупно 27 лица.
Тројца војници се убиени и седум ранети во друга засада врз воен конвој од седум автомобили во близина на Лахмар, област во провинцијата Абијан, посочи армиски извор.