На протести во градот Ранија во Ирачки Курдистан денеска загинаа најмалку три лица, а 80 се повредени од огнено оружје. Дел од медиумите известија за петмина загинати и 70 повредени.
Втор ден стотици луѓе демонстрираат со барање за оставка на владата на автономниот регион, незадоволни од лошата економска состојба во регионот и неисплатените плати во јавниот сектор.
Премиерот на Ирак Хајдер ал Абади изјави дека ќе преземе мерки доколку бидат извршени напади врз цивили во ирачки Курдистан.
– Нема да останеме без реакција, доколку и еден државјанин биде нападнат, изјави Абади на денешната прес-конференција.