Претседателот на Ирачки Курдистан се повлече од функцијата

Од:

Претседателот на Ирачки Курдистан Масуд Барзани се повлече од функцијата и му препушти на својот внук, премиерот на курдскиот автономен регион Нечирван Барзани, да ги реши несоглесувањата со централната Влада во Баград, со соседите во регионот, како и со ривалските курдски партии, по неуспешниот референдум за независност.

Високи претставници на ирачките Курди оценија дека сега Нечирван Барзани ќе биде главната фигура во управувањето на регионот.

Масуд Барзани (71) управуваше со курдскиот автономен регион од 2005 година. Во тој период регионот забележа значаен напредок, додека во останатиот дел на Ирак се одвиваше граѓанска војна.

Во неделата Масуд Барзани објави дека на 1 ноември ќе се повлече од функцијата, откако по спроведувањето на референдумот за независност на 25 септември, централната ирачка Влада испрати војска со цел да ги поврати териториите, кои беа под контрола на силите на ирачките Курдите, а се надвор од границите на автономниот регион Ирачки Курдистан.

Референдумот и реакциите на централната Влада ги изнесоа на виделина длабоките несогласувања меѓу самите Курди.

Во својот говор, со што најави дека се повлекува, Масуд Барзани ги обвини политичките ривали за предавство, бидејќи ја отстапиле територија без борба.

Ничирван Барзани (51), кој првпат беше премиер од 2006 до 2009 година, се смета за не толку поларизирана фигура, бидејќи ги поддржува посмирените односи со ривалските курдски партии за разлика од неговиот чичко.

Тој исто така, има и искуство во блиска соработка со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржа Багдад во спорот со курдската Влада по референдумот.

Во неделата, курдскиот регионален Парламент гласаше за прераспределба на претседателските овластувања меѓу Парламентот, судската власт и Владата, се до спроведувањето на парламентарните и претседателските избори.

Првично изборите беа закажани за 1 ноември, но минатиот месец беа одложени за догодина.

Пред референдумот, се веруваше дека веројатен наследник на Масуд Барзани ќе биде неговиот син Масрус, но тој беше отфрлен поради неговата поддршка за гласањето за отцепување, со што беа влошени односите со Багдад, како и со регионалните сили.

Како премиер, Нечирван Барзани ја одигра главната улога во склучувањето на нафтените договори на Ирачки Курдистан, кои сега за загрозени, откако на 16 октомври централните власти ја повратија контролата над спорните територии, вклучително и градот Киркук, што е богат со нафта.

Масуд наведе дека нема да се повлече од јавниот живот, дека ќе остане дел од силите на ирачките Курди, Пешмерга и ќе продолжи да се бори за незавиноста на својот народ.

Тој, исто така, ќе остане на чело на владејачката Курдска демократска партија (ПДК) и член на Врховниот политички совет – невладина организација што беше формирана по референдумот.

Би можело да ве интересира

Курдски претставник: Турската армија распоредува стражи во Ирачки Курдистан

Ана Ололовска

Отворени граничните премини помеѓу Иран и Ирачки Курдистан

Наум Локоски

Багдад ја продолжува забраната за два месеци за меѓународни летови од и до Ирачки Курдистан

Ана Ололовска

Три лица загинаа, а 80 се повредни при протести во Ирачки Курдистан

Наум Локоски

Курдистан ќе ја почитува одлуката за забрана на сецесија

Ана Ололовска

Масуд Барзани се повлекува од функцијата претседател на Ирачки Курдистан

Наум Локоски