Три лица се повредени во трката со бикови во Памплона

Од:

Три лица се повредени, од кои едно потешко, во денешната втора трка со шест борбени бикови во која се натпреваруваа повеќе од илјада учесници, на познатиот фестивал Сан Фермин во Памплона.

Ниту еден од учесниците денеска не е повреден со роговите на бикот, а потешко повреден е 23-годишен маж од англискиот град Нотингем, кој се здоби со повреди во градите и скршеници на ребрата.

Властите соопштија дека и на еден Шпанец и Јапонец им била пружена здравствена помош во болница поради полесни повреди.

Бик со рогови прободе вчера едно лице во бедрата за време на првата рунда од трката.

Фестивалот Сан Фермин, кој секоја година се одржува во Памплона од 6 до 14 јули е познат ширум светот по трката со бикови. Учесниците од целиот свет тогаш трчаат низ тесна улица долга 850 метри, од просторот во кој се држат биковите, па се до арената, додека го бркаат биковите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски