Три лица се изведени пред истражен судија за нападот на божиќниот пазар во Стразбур

Од:

Тројца мажи од исто семејство, осомничени дека му го обезбедиле оружјето на Шериф Шекат, кое тој го употребил при извршување на терористичкиот напад во Стразбур на 11 декември минатата година, се изведени попладнево пред истражен судија во Париз, со можност против нив да биде покренато обвинение.

Осомничените се на возраст од 32, 34 и 78 години. Тие биле уапсени во вторникот во Алзас, заедно со уште двајца други членови на истото семејство, чија мерка притвор била укината во средата вечерта, без да бидат кривично гонети.

Шериф Шекат уби пет лица и повреди единаесет други во близина на божиќниот пазар во Стразбур, пред да бидат застрелани од полицијата по 48-часовната потрага по нив.

Би можело да ве интересира

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина