Три лица повредени при експлозија во магацин за хемиски супстанци во Шпанија

Од:

Три лица се повредени при експлозија во магацин за хемикалии во северниот дел на Шпанија.

Властите ги предупредиле жителите на неколку помали градови во близина на Барселона да останат во своите домови и да не отвараат врати и прозорци поради големиот токсичен облак кој се проширил над реонот.

Регионалната Влада на Каталонија соопшти дека експлозијата во градот Игуалада веројатно е причинета од две хемиски супстанци кои дошле во контакт при нивното доставување во магацинот. Сопственик на магацинот е шпанската компанија „Симар“.

Црвениот крст, повикувајќи се на пожарникарските служби, соопшти дека двете хемикалии се азотна киселина и железо-хлорид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски