Три источноевропски земји формираа заедничка бригада

Од:

Полска, Украина и Литванија формираа заедничка воена бригада, чиј штаб ќе биде во Полска.

Бригадата ќе работи на зајакнување на воената соработка и ќе учествува во мировни мисии.

Министрите за одбрана на трите земји го потпишаа вчера документот за формирање на бригадата, која ќе брои неколку илјади војници.

Полското Министерство за одбрана соопшти дека работата за формирање на бригадата почнала во 2007 година. Штабот ќе биде базиран во полскиот град Љублин.

Министерството додаде дека бригадата ќе дејствува под покровителство на Обединетите нации, НАТО и Европската унија.

Би можело да ве интересира

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ