Три четвртини од новинарките во светот биле жртви на закани и напади преку интернет

Од:

Речиси три четвртини од новинарките во светот велат дека биле жртви на насилство преку Интернет, а овие напади кон секоја петта жена-новинар биле продолжени и во реалниот живот, покажува глобалното истражување спроведено од Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

Насилството преку интернет врз новинарките варира меѓу „постојани напади од пониско ниво“ на социјалните мрежи и „големи напади или екстремни закани наеднаш“, открива УНЕСКО во студијата објавена денеска.

Во глобалното истражување во кое беа вклучени 901 новинар од 125 земји, поддржано од 173 продлабочени интервјуа, 15 студии на случај на земја и анализа на над 2,5 милиони објави на Фејсбук и Твитер, насочени кон две истражувачки новинарки, британката Карол Кадваладе и американско-филипинската журналистка Марија Реса, лауреатка на Светската награда за слобода на печатот на УНЕСКО.

– Мизогинијата се додава на другите форми на дискриминација: жените новинари кои се црнки, лезбејки или од одредена религија, на пример, страдаат од многу поголема дискриминација, изјави Саорла Мекејб, задолжена за развој на комуникацијата, информации и медиуми во УНЕСКО.

64 отсто од новинарките од белата еаса велат дека доживеале насилство преку Интернет, а оваа стапка се зголемува на 81 отсто кај новинарките од црната раса. Иста опсервација има и во однос на сексуалната ориентација: нападите преку Интернет погодија 73 отсто од хетеросексуалните новинарки, наспроти 88 отсто од геј-новинарките.

Нападите кои ги претрпеле жени новинарки се „или сексистички или сексуализирани“, тие „многу често се фокусирани на лични карактеристики како што се нивното тело и нивното етничко или културно потекло, отколку на содржината на нивната работа“, прецизира Мекејб. Ова насилство се рефлектира и во физичкиот свет: 20 отсто од испрашаните новинарки тврдат дека претрпеле напади и вознемирување поврзани со нападите кои потекнале на интернет. Оваа стапка се зголемува на 53 отсто кај арапските жени новинари, според УНЕСКО.

Нападите исто така имаат влијание врз менталното здравје за 26 отсто од испитаните новинарки (некои страдаат од посттрауматски стрес) и ризикот од самоцензура на социјалните мрежи (30 отсто од анетираните новинарки). Оттука произлегува и прашањето за одговорноста на социјалните мрежи, идентификувани во студијата како „главните вектори“ на ова кибер насилство, а Фејсбук и Твитер се најкористените од новинарите.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ