Три бебиња се родија во автомобили заглавени во снежните колони во Украина

Од:

Две жени се породија во автомобили поради сообраќајниот застој предизвикан од обилниот снег во западна Украина, каде на патиштата се блокирани стотици возила, пренесува AFP.

Една Украинка родила близнаци во возило на Брза помош кое било на пат за болница, но возилото поради невремето во околината на Лвив останало блокирано на патот.

Мајката и бебињата потоа биле превезени во блискиот здравствен дом, а до болницата ќе бидат пренесени со возило за специјални намени, прилагодено за тешки снежни услови.

Уште една Украинка во поодмината бременост, исто така се наоѓала на пат за болница, но автомобилот останал блокиран во снегот во близина на селото Кисоричтија. До доаѓањето на спасувачкиот тим жената веќе се породил. Таа и нејзиното бебе биле извлечени од завеаниот автомобил и пренесени во болница.

Снежната бура веќе три денови не стивнува на поширокото подрачје на градот Л’вов, а колоната завеани возила на автопатот Л’вов – Киев е долга околу 20 километри.

Во неделата беа деблокирани повеќе до 1.800 автомобили во западна Украина, а на расчистување на патиштата се ангажирани повеќе од 18 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари