Три американски разурнувачи впловија во Беренцово море

Од:

Три американски бродови – разурнувачи вчера впловија во Беренцово море,за првпат од средината на осумдесеттите години на минатиот век кога Студената војна го достигна својот врв.

„Целта на оваа операција е да се потврди слободата на провидба и да се демонстрира интеграцијата меѓу сојузниците“, се наведува во соопштението на американските морнарички сили, јави Си-Ен-Ен.

На американските разурнувачи „Доналд Кук“, „Портер“ и „Рузвелт“ им се придружи британската кралска фрегата „Кент“.

Беренцово море е дел од Северниот леден океан и го опфаќа северниот дел на Норвешка и Русија.

Руското пристаниште Мурманск, во кое се наоѓа руската Северна флота, исто така, е во Баренцово море.

Американската морнарица, наводно, во петокот ја известила Москва за претстојната операција за да избегне „погрешното толкување“, и да се намали ризикот и да се спречи ненамерна ескалација.

Американски официјални лица упорно кажуваат дека Русија во последните години го засили своето воено присуство на Арктикот.

Русија постепено го засили своето присуство создавајќи нови арктички единици, обновувајќи ги старите аеродроми и инфраструктура на Арктикот и воспоставувајќи нови воени бази долж нејзиниот арктички брег, се вели во извештајот на Пентагон за Арктикот од минатата година.

Направени се напори и за воспоставување на мрежа за противвоздушна одбрана и крајбрежни ракетни системи, радари за рано предупредување, центри за спасување и разни сензори, се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

Американската воена команда: Еден од лидерите на Ал Шабаб е убиен во воздушните напади од наша страна

А1он

ВИДЕО: Урнатиот авион во Авганистан е на армијата на САД

Фолер: Армијата на САД е подготвена да ги заштити дипломатите во Венецуела