Трас: Велика Британија утре воведува санкции против Русија

Од:

Велика Британија утре ќе ги соопшти санкциите против Русија по вечерашново признавање од страна на Москва на отцепените украински региони Луганск и Доњецк, изјави шефицата на британската дипломатија,Лиз Трас, јави ДПА

„Утре ќе објавиме нови санкции кон Русија како одговор на нивното кршење на меѓународното право и нападот врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша на Твитер министерката Трас.

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно вечерва одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го признае суверенитетот на бунтовничките области го нарече „лош знак“ и „флагрантно кршење на меѓународното право“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија