Трас критикувана за нејзиниот „план за раст“: Требаше подобро да го подготвам теренот

Од:

Британската премиерка Лиз Трас денеска се обиде да ја смири својата партија и јавноста, изјавувајќи дека требало да стори повеќе за подобро „да го подготви теренот“ во обид да ја минимизира реакцијата на пазарот поради која фунтата падна на рекордно ниско ниво и се зголемија трошоците за задолжување на владата.

На првиот ден од годишната конференција на нејзината владејачка Конзервативна партија, Трас, која на чело на партијата и владата дојде пред помалку од еден месец, покажа помек тон додека се обидуваше да ја увери јавноста дека ќе се грижи за неа во текот на тешката зима и периодот што следи.

Но, таа се задржа до својот „план за раст“, ​​што беше критикуван од инвеститорите и економистите за дополнителните трошења од милијарди фунти, нудејќи многу малку детали за тоа како тој ќе се исплати на краток рок.

-Ја разбирам нивната загриженост за она што се случи оваа недела, изјави Трас за „Недела со Лора Куенсберг“ на Би-би-си.

„Останувам на пакетот што го објавивме и стојам на фактот дека брзо го објавивме затоа што моравме да дејствуваме, но прифаќам дека требаше подобро да го подготвиме теренот“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година