Трас и Фредериксен: Инцидентите на гасоводот „Северен тек“ се акт на саботажа

Од:

Британската премиерка Лиз Трус и нејзината данска колешка Мете Фредериксен денеска се согласија дека инцидентите на гасоводот „Северен тек“ „претставуваат акт на саботажа“.

„Фредериксен ја информираше британската премиерка за штетата предизвикана на гасоводите „Северен тек“ во текот на минатата недела. Тие се согласија дека инцидентите јасно претставуваат акт на саботажа“, наведуваат од кабинетот на премиерката Трас, а пренесоа британските медиуми.

Двете лидерки се согласија дека општата безбедност и безбедност на Балтичкото Море е во интерес на сите.

Теми на разговор биле и соработката во областа на безбедноста и производството на енергијата од ветрот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Британската морнарица го разнесе Северен тек

Ана Ололовска

Со шведската истрага се зголемија сомнежите за саботажа на „Северен тек“

Ана Ололовска

Сојузник на Путин: Саботажата на „Северен тек“ е како напад на ЦИА во 1983 година

А1он

Москва: Северен тек 1 и 2 може да се поправат, но за тоа ќе бидат потребни време и пари

Ана Ололовска

Гасот престана да истекува од оштетениот гасовод во Балтичкото Море

Ана Ололовска

Гаспром: Од гасоводот истече гас колку што и треба на Данска за три месеци

Ана Ололовска