Транспаренси интернешнал: Данска со најмала корупција во светот

Од:

Нов извештај на Транспаренси интернешнал покажува дека корупцијата во јавниот сектор продолжува да биде сериозен проблем во светски размери.

Според извештајот, Данска втора година по ред е на првото место како држава каде има најмала корупција – со оценка 91 од максимални 100 поени. Сомалија и Северна Кореја се на дното од листата со оценка осум. Соодветно на 167-то место.

САД и Велика Британија се со најдобра оценка во историјата на таквите анализи.  САД се на 16 место со оценка 76, а Велика Вританија е на 10-то место со 81 индексни поени.

Во првите десет места се Финска (90), Шведска (89), Нов Зеланд (88), Холандија (87), Норвешка (87), Швајцарија (86), Сингапур (85) и Канада (83 индексни поени).

Индексот на ТИ се базира на експертски анализи за корупцијата во јавниот сектор земени по неколку фактори како – дали владини лидери во дадена држава се сметаат за одговорни заради корупција или се неказнети, дали јавните институции одговараат на потребите на граѓаните, дали се смета дека поткупот доминира во одделна држава.

ТИ наведува дека во држави како Полска (3-то место со оценка 62), Унгарија (50-то место оценка 51) и Турција (66 место оценка 42) политичарите и нивните соработници се повеќе земаат контрола врз државните институции за да ја задржат власта.

Русија е на 119 место заедно со Азербејџан, Гвајана и Сиера Леоне. Сите тие држави имаат по 27 индексни поени.

На „дното“ од листата се Северна Кореја и Судан (165 место со 12 индексни поени). До нив се и Авганистан, Ирак и Сирија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски