Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му испратил писмо во кое ја изразува својата подготвеност да преговара за мир и да потпише договор за минерали.
„Во писмото се наведува дека Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се приближи до траен мир и дека никој не сака мир повеќе од Украинците. Зеленски, исто така, напиша дека тој и неговиот тим се подготвени да работат под силно водство на претседателот Трамп за да се постигне траен мир.
Американскиот претседател откри и дека имал сериозни разговори со Русија, од кои, како што рече, добил силни сигнали дека е подготвена за мир.