Трамп за Тилерсон: Да ги споредиме тестовите за интелигенција

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако државниот секретар Рекс Тилерсон го нарекол „морон”, тие двајца треба да ги „споредат тестовите за интелигенција”.

– Мислам дека тоа се лажни вести. Но, ако тој го кажал тоа, ќе мораме да ги споредиме тестовите за интелигенција. И можам да ви кажам кој ќе победи, изјави Трамп.

Односите на Трамп и Тилерсон минатата недела повторно беа во фокусот, кога Ен-Би-Си објави дека во текот на летот потпретседателот Мајк Пенс морал да го убедува Тилерсон да не поднесе оставка. Во тој извештај се наведува дека државниот секретар Тилерсон го нарекол претседателот „морон”.

Тилерсон рече дека никогаш не помислил на оставка, а неговата портпаролка негираше дека државниот секретар на САД го навредил претседателот.

Светските медиуми коментираат дека честопати се чинело дека Трамп го урива авторитетот на Тилерсон во некои од најчувствителните прашања за безбедноста на САД, како што се Северна Кореја и Иран.

– Не поткопувам. Мислам дека дури и му го зајакнувам авторитетот, изјави Трамп за „Форбс“. Минатата недела американскиот претседател рече дека има „голема доверба” во Тилерсон.

Трамп и Тилерсон денес се среќаваат со секретарот за одбрана Џејмс Матис во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Дуда му порача на Зеленски дека треба конструктивно да соработува со Трамп