Трамп: Време е да се гонат луѓето што се обидоа да се мешаат во претседателските избори

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека има намера да „тргне по луѓе“ кои, според него, се обиделе да се мешаат во претседателските избори во 2016 година тврдејќи дека Русија се обидела да влијае на резултатот.

„Без разлика дали е правилно или погрешно, време е да се тргне по луѓе“, рече Трамп во Овалната соба, објави CNN.

Трамп претходно изјави дека поранешниот американски претседател Барак Обама е виновен за злосторства за неговата улога во злоупотребата на разузнавањето и го нарече поранешниот демократски претседател „водач“ на наводниот заговор.

„Обама беше фатен веднаш“, рече Трамп, наведувајќи дека неговите постапки претставуваат „предавство“.

Тој додаде дека Обама „се обидувал да предводи државен удар и го направил тоа со Хилари Клинтон“, која беше демократски кандидат на претседателските избори во САД, на кои Трамп победи во својот прв мандат.

Директорката на американската национална разузнавачка служба, Талси Габард, минатата недела ги декласификуваше и објави нови разузнавачки документи за кои тврдеше дека се доказ за „предавнички заговор“ од страна на високи функционери на администрацијата на Обама за да создадат идеја дека Русија се мешала во претседателските избори во 2016 година.

Би можело да ве интересира

„Гардијан“: Трамп планира да изгради воена база за 5.000 војници во Газа

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Иран го предупреди Трамп да не донесува одлуки врз основа на лажни информации

ВИДЕО: Нејасни пораки, конфузно објаснување за Иран – што кажа Трамп во најдолгото годишно обраќање на нацијата

ВИДЕО: Исчезнаа документите од ФБИ за жена која тврди дека Епстин и Трамп ја злоуптребувале, објави СНН

Катерина Ѓуровски