Трамп вети „безбедносни зони“ во Сирија

Од:

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека неговата администрација ќе создаде „безбедносни зони“ со цел да им помогне на цивилите во Сирија, додека шефот на државата во заминување Барак Обама смета дека таа идеја е тешко остварлива.

Трамп и Обама одвоено зборуваа за конфликтот во Сирија, по напорите за евакуирање на цивилите од Алепо.

– Се обидуваме да им помогнеме на луѓето. Ќе изградиме безбедносни зони и ќе ги принудиме земјите во Заливот да ги платат тие зони, истакна Трамп пред своите приврзаници на Флорида.

Обама идејата на Трамп за безбедносните зони ја смета за „предизвик“, бидејќи тие бараат заштита од копнените сили, а со тоа не се согласуваат сириската Влада, Москва и Техеран.

Претходно, на годишната прес-конференција, Обама го обвини режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници Ирак и Русија, дека се одговорни за масакрот на цивилите во Алепо, истакнувајќи дека имаат „крв на своите раце“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зошто контролната кула не му кажала на хеликоптерот што да прави

Катерина Ѓуровски

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Американските обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Горан Наумовски

„Гугл“ ќе му угоди на Трамп, ќе го преименува Мексиканскиот Залив

Трамп ја повтори желбата Палестинците да се преселат во Египет и Јордан

Трамп мора да бара „дозвола“ од Лондон за да го купи Гренланд