Tрамп упорен во тврдењата дека победил, а потпретседателот Пенс замина на одмор

Од:

Доналд Трамп и натаму одбива да ги прифати резултатите од минатонеделните претседателските избори во САД, на кои победи демократскиот кандидат Џо Бајден, па денеска повторно се огласи на Твитер и напиша „ЌЕ ПОБЕДИМЕ“.

Истовремено, неговиот заменик, потпретседателот Мајк Пенс, отпатува на Флорида од „лични причини“ наместо да се приклучи на правната битка во „колебливите“ држави, каде мнозинството, според официјалното пребројување на гласовите, не го заокружи нивното име на гласачкото ливче.

Весникот „Индепендент“ посочува дека од средата изутрина, Пенс не се експонира во јавноста и наместо да се вклучи во правната битка за оспорување на резултатите, тој одлучил да замине на Флорида, каде ќе остане до сабота.

Во меѓувреме, американскиот јавен обвинител Вилијам Бар се согласи федерални обвинители да ги истражат тврдењата за наводни масовни изборни нерегуларности.

Иако најголемиот дел од светските лидери веќе му ја честитаа победата на Бајден по проекцијата дека освоил најмалку 270 електорски гласови неопходни за да биде избран, Трамп и неговите соработници продолжуваат да се борат, наведувајќи дека зборот „пораз“ го нема во нивниот речник. Портпаролката на Белата куќа оцени дека изборите „се далеку од завршени“.

Во бројните денешни твитови, Трамп, исто така се обиде да ја преземе заслугата за развојот на вакцината против коронавирусот на „Фајзер“, оценувајќи дека само поради него таа ќе биде достапна до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он