Трамп се закани со затворање на американската граница кон Мексико

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани со затворање на границата на САД кон Мексико.

Заканата на Трамп доаѓа во време кога илјадници мигранти се движат низ Средна Америка кон север, со надеж дека ќе успеат да стигнат до САД.

– Треба со најстрог тон да побарам од Мексико да го спречи овој напад – и доколку не е во состојба да го стори тоа, ќе ја повикам американската армија и ќе ја ЗАТВОРАМ НАШАТА ЈУЖНА ГРАНИЦА, објави Трамп на Твитер.

Трамп се закани и со запирање на финансиската помош за централноамериканските држави, од каде потекнуваат најголемиот број илегални мигранти кои пристигнуваат во САД.

На почетокот на неделава неколку илјади илегални мигранти од Хондурас, преку Салвадор и Гватемала, влегоа во Мексико, упатувајќи се кон САД.

– Нападот врз нашата земја на јужната граница, заедно со криминалните елементи и ДРОГИТЕ, што ги следат, за мене како претседател е многу поважен од трговијата, објави Трамп во втора порака на Твитер.

Трамп ги упати последните закани на еден ден пред посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Мексико и Панама.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија