Трамп: Саудиска Арабија ќе биде казнета ако се докаже дека е виновна за исчезнувањето на Кашоги

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека е можно Саудиска Арабија да е одговорна за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги и доколку тоа се докаже неговата земја ќе наложи строга казна за земјата.

– Засега (Саудијците) енергично негираат дека се инволвирани. Можно ли е да бидат? Да. Ако се докаже дека Саудиска Арабија е одговорна ќе има сурова казна, изјави Трамп во интервју за Си-Би-Ес.

Трамп додаде дека случајот е особено важен бидејќи „тој човек беше новинар“.

Во исто време, Трамп потврди дека ја исклучува можноста за ограничување на продажбата на оружје.

За Кашоги нема никакви иформации откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври. Турските и саудиските власти даваат противречни изјави. Анкара тврди дека тој не излегол од конзулатот, а Ријад вели дека Кашоги истиот ден го напуштил објектот.

Кашоги, кој живееше во егзил во САД, исчезна во Истанбул минатиот вторник, по посетата на Конзулатот, каде бил заради документи кои му биле потребни за склучување брак, појасни неговата свршеница.

Тој е долгогодишен новинар, дел од редакцијата на „Вашингтон пост“, познат по критичките текстови за саудискиот принц. Во неговите текстови тој ја критикуваше и Саудиска Арабија поради војната со Јемен и спорот со Канада. Тој е познат по интервјуата со поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, и патувањата со него во периодот од 1987 до 1995 година. На почетокот на 90-ите се обидел да го убеди Бин Ладен да се смири со кралското семејство на Саудиска Арабија и да се врати во својата татковина, но тој одбил.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија