Трамп: Сакам Путин да дојде на самитот на Г20 во Мајами

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека самитот на Г20 следната година ќе се одржи во Мајами, Флорида, и дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да дојде на тој самит.

Трамп им рече на новинарите во Овалната соба во Белата куќа дека самитот на Г20 ќе се одржи во Америка за првпат по речиси 20 години, објави Ројтерс.

Додека ја славиме 250-годишнината од нашата нација следната година, Соединетите Американски Држави ќе имаат чест да бидат домаќини на самитот на Г20 тука во Америка за првпат по речиси 20 години“, рече Трамп.

Г20 е форум на земји основан во 1999 година, кој се состанува за да разговара за плановите за глобалната економија, а неговите членови сочинуваат 85 проценти од светското економско производство и 75 проценти од светската трговија, објави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Кинескиот Нострадамус го предвиде крајот на војната со Иран, глобалниот поредок ќе се промени

Предраг Петровиќ

Дипломатска војна меѓу Бразил и Америка; Лула му забрани влез на соработникот на Трамп

Предраг Петровиќ

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Претседателот сака веднаш да дојдете“; Итниот повик на Трамп од Собата за ситуации го прекина интервјуто

Предраг Петровиќ

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Трамп: Војната со Иран наскоро ќе заврши – нема веќе што да се таргетира

А1он