Трамп сака личен настап на сесијата на ГС на ОН

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сака лично да настапи со говор на годинешната сесија на Генералното собрание на ОН што се одржува во септември, иако многу светски лидери се очекува да не дојдат во Њујорк поради коронавирусот.

-Мислам да отидам директно во ОН со говор. Многумина нема да можат да дојдат поради Ковид, изјави синоќа претседателот.

-Сметам дека тоа подобро ја претставува земјата. Како претседател на САД, јас чувствувам до некаде обврска да присуствувам во ОН и да го кажам тој важен говор, изјави Трамп за новинарите.

Додаде дека халата на ГС во Њујорк најверојатно ќе биде полупразна.

-Нема да биде така како што беше порано. Ќе видиме што ќе се случи, изјави тој.

Главниот дел на Генералното собрание, кога светските лидери настапуваат по ред, ќе се оддржи од 21 до 29 септември. Мнозинство од лидерите се очекува да настапат виртуелно или со видео обраќање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини од тинејџерска шега до општествен феномен

A1on

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Инаугурацијата на Трамп: Огномет, имитатор на Елвис Присли и нешто невидено во последните 40 години

Предраг Петровиќ