Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот поранешен советник Роџер Стоун има големи шанси да биде ослободен откако доби затворска казна од 40 месеци поради опструкција на конгерсната истрага во врска со руската интервенција за време на претседателските избори во 2016 година.
„Го следам случајот одблиску, и сакам да го видам како ќе се одвива до самиот крај, затоа што Роџер има навистина големи шанси да биде ослободен според моето мислење“, кажа претседателот.
„Моето цврсто мислење е дека главната поротничка е во потполност расипана, таа е анти-Трамп личност“, додаде Трамп.