Трамп размислува да објави делови од акцијата против Ал-Багдади

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрацијата размислува да објави видео-снимка од специјалната операција во Сирија во која е елиминиран лидерот на Исламска држава, Абу Бакир ал Багдади.

– Размислуваме за тоа. Би можеле да го направиме тоа. Можеме да објавиме одредени делови од операцијата, наведе Трамп.

Тој истакна и дека Ал Багдади и неговите соработници биле „уплашени како кутриња“.

Трамп беше критикуван бидејќи на вчерашната прес-конференција изјави дека лидерот на ИД умрел како „куче и кукавица“, дека „плачел како кукавица“ и оти „цимолел, врескал и плачел“.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео-снимка од бункерот каде се криеше Ал Багдади, кој во сабота се самоуби активирајќи експлозив за време на американската операција против него во северозападна Сирија.

На видео-снимката се гледаат урнатините од бункерот, каде се криел Ал Багдади, остатоци од облека и душеци.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија