Трамп продолжува со отпуштања поради скандалот со Украина

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп ја повлече номинацијата на Елен Мекаскер, потсекретар во Mинистерството за одбрана, за директор за финансии и ревизија во Пентагон, соопштија некои американски медиуми.

Повлекувањето се должи на тоа што Мекаскер се сомневала во целта на задржувањето на воената помош за Украина. Задршката на оваа помош, која се случи лани летоска, отвори скандал кој резултираше во истрага за импичмент на претседателот Трамп, иницирана од демократите во Конгресот.

За отповикувањето на Мекаскер соопшти и Белата куќа.

Претходно, од функција беа разрешени уште неколкумина официјални лица кои даваа искази во текот на истрагата за импичмент. Џек Рид, истакнат демократ во Комитетот за вооружени сили при американскиот Сенат, ја осуди оваа одлука.

-Повлекувањетo на нејзината номинација е странична штета предизвикана од претседателот, кој одмазднички ги отстранува професионалците од кариера во националната безбедност, учесници во истрагата за импичмент, изјави Рид.

Откако Трамп беше ослободен од вина, тој побрза со отстранување високи официјални лица од својата aдминистрација кои имаа клучни сведочења штетни за него. Некои од нив се Гордон Сондленд, амбасадор на САД во ЕУ и полковникот Александар Виндман, член на Советот за национална безбебдност.

Би можело да ве интересира

Трамп ја помилува за нападот во Капитол, таа го одби: Погрешивме

Која е втората дама на САД-според Трамп, единствената попаметна од нејзиниот сопруг

Предраг Петровиќ

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

QUANT, TRUMP и DOGE: Мемекоини од тинејџерска шега до општествен феномен

A1on