Трамп: Претставниците на Пентагон сакаат да водат војни за производителите на оружје да бидат среќни

Од:

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека претставниците на Министерството за одбрана сакаат да продолжат да водат војни за производителите на оружје да бидат „среќни“.

Трамп на прес-конференција во Белата куќа вчера повторно негираше дека наводно кажал дека американските војници кои го загубиле животот на бојното поле биле „губитници“.

-Не велам дека војската е заљубена во мене. Војниците се, рече Трамп.

Тој, меѓутоа, додаде „лидерите на Пентагон веројатно не се (заљубени) затоа што тие не сакаат ништо друго, освен да војуваат, па сите оние прекрасни компании што прават бомби, прават авиони и се друго, да бидат среќни“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп