Трамп преку Твитер нападна конгресмени од неговата партија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп „им објави војна“ на членови на својата Републиканска партија, заканувајќи се со уништување на нивните политички кариери, бидејќи го саботирале неговиот план за реформи во здравството.

Трамп, наместо т.н. „Обамакер“, кој го прифати Администрацијата на неговиот претходник Барак Обама, планираше да создаде своја верзија – „Трампкер“.

Конгресмените му одговориле дека нема да прифатат „малтретирање“.

Во објавата на Твитер, Трамп ја нападна групата на републиканците во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес наречена Слободарски кокус, нагласувајќи дека ќе ги победи на следните избори за Конгрес доколку продолжат да му се спротивставуваат.

– Слободарскиот кокус ќе и предизвика штета на целата републиканска агенда доколку не му се придружат на тимот и тоа брзо. Мора да се бориме против нив и демократите следната година, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма