Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Од:

Администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд, идеја што се појави за време на првиот мандат на Трамп.

Во август 2019 година, Трамп им потврди на новинарите дека е заинтересиран да го купи Гренланд, а оваа идеја предизвика и љубопитност и дебата.

Волстрит џурнал најпрвин објави за интересот на Трамп, повикувајќи се на извори кои рекоа дека тој ја спомнал идејата со „извесен степен на сериозност“.

Идејата беше откажана откако Џо Бајден ја презеде функцијата во 2021 година, но повторно се појави на интернет по победата на Трамп претходно овој месец.

Републиканскиот конгресмен Мајк Колинс од Џорџија објави нешто што изгледа како изборна мапа со Гренланд на 7 ноември и напиша „Проект 2029“ во описот, пренесува Fox News.

Оттогаш, член на парламентот во Данска ја отфрли идејата САД да го купат Гренланд како американска територија. Според пораката на Расмус Јарлов, данскиот парламент нема намера никому да ја понуди територијата, особено на САД.

„Независноста на Гренланд бара одобрение од данскиот парламент и промена на нашиот устав. Можам да ви гарантирам дека нема шанси да ја одобриме независноста за да можете да го купите Гренланд. Убава фантазија, но заборавете ја“, рече Рамус Јарлов.

Ова е далеку од првпат САД да размислуваат за купување стратешки корисно арктичко земјиште.

По Втората светска војна, претседателот Хари Труман и понуди на Данска 100 милиони долари за Гренланд во 1946 година, но Данска одби.

Би можело да ве интересира

Кристин Лагард: Царините на Трамп ќе имаат негативни последици ширум светот

Горан Наумовски

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски