Трамп потпиша Закон за финансирање на НАСА

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го потпиша предлог-законот за финансирање на американската вселенска агенција НАСА, во која се наведува дека една од целите е истражување на Марс и испраќање на мисија.

Со Законот се одобрува буџет за НАСА, за 2017 финансиска година, што почнува на први октомври, во висина од 19,5 милијарди долари.

Неодамна Трамп испрати до Конгресот предлог за 2018 година НАСА да добие 19,1 милијарди долари.

Со Законот се одобрува и продолжување на работата на Меѓународната вселенска станица до 2024 година.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес