Трамп покани видни Републиканци од Мичиген во Белата куќа, за да покажат дека изборите биле спорни

Од:

Актуелниот американски претседател, Доналд Трамп, повика утре во Белата куќа да дојдат неколкумина републиканци од Мичиген за да покажат зошто изборите во оваа сојузна држава биле спорни.

Станува збор за лидерот на сенатското мнозинство во Мичиген, Мајк Ширки, и спикерот на Претставничкиот дом, Ли Четфилд. Во Белата куќа тие треба да пристигнат утре попладне и да претстават докази за наводни нарушувања на изборниот процес во оваа сојузна држава.

Поканата на републиканските законодавци во Белата куќа е последен обид и тоа најдрзок, во салвата од кампањи што Трамп и неговите соузници ја активираа за да се посее сомнеж во победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, пишува Њујорк тајмс.

Иако кампањата на Трамп досега не доби ниту еден судски спор за оспорување на резултатите, оттаму се уште се надеваат на поништување на сертификацијата на резултатите од гласањето во повеќе окрузи низ САД, во градовите како Детроиит, Филаделфија, Милвоки или Атланта, каде Бајден доби десетици илјади гласови во негова полза, и во големите и политички моќни Афроамерикански заедници.

На оваа тема денеска прес конфернеција оддржа Руди Џулијани, адвокат на Трамп и најистурениот човек во оваа кампања за поништување на изборите во САД.

Самиот Трамп, пак, во деновите по 3 ноември ретко се појавува во јавноста и неговиот дневен распоред речиси нема настани, и покрај влошената ситуација со коронавирусот во земјата.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он