Доналд Трамп е подготвен да почне да издава важни укази уште од својот прв ден во Белата куќа, односно уште од денеска, за брзо да ги исполни своите ветувања за построгите мерки против имиграцијата, за ѕидот долж границата со Мексико и за укинување на политичките мерки на Владата на претседателот Обама, пренесоа британските медиуми.
-Тој е посветен на примената на дневниот ред на вистинската промена не само од првиот ден, туку и во вториот и во третиот и така натаму, и сметам дека тоа ќе видете во следните денови и недели, изјави портпаролот на Трамп, Шон Спајсер.
На новиот претседател советниците му претставиле на разгледување над 200 предлог укази од сферата на здравствената заштита, политиката за климата, имиграцијата, енергетиката и серија други.
-Меѓутоа, не е познато колку точно декрети Трамп ќе може да одобри уште од самиот почеток, изјави член на неговата екипа кој посбарал да остане анонимен.