Трамп открива можни сценарија по состанокот во Алјаска: „Ако сè помине добро, ќе седнеме со Зеленски, ако не…“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп зборува во Центарот Кенеди во Вашингтон. Како што рече на самиот почеток, „денес имаше добар разговор“.

– Претседателот Зеленски беше на повик. Би го оценил со 10, знаете, многу, многу пријателски – рече Трамп.

Претседателот на САД вели дека веројатно ќе има „брза втора средба“ меѓу него Владимир Путин и Володимир Зеленски по самитот во Алјаска во петок.

– Постои голема веројатност да имаме втора средба што ќе биде попродуктивна од првата, бидејќи на првата ќе дознаам каде сме и што правиме – вели Трамп.

Трамп рече дека ако првата средба со Путин во петок помине добро, тогаш ќе има втора, но меѓу сите тројца.

– Мислам, можеби нема да има втора средба бидејќи ако сметам дека е несоодветно да ја имам бидејќи не ги добив одговорите што ми требаат, тогаш нема да имаме втора средба – нагласи тој.

Трамп беше прашан за време на прес-конференција дали Русија ќе се соочи со последици ако Владимир Путин не се согласи да ја запре војната во Украина по нивниот состанок во Алјаска во петокот.

„Да, ќе има. Ќе има последици“, рече тој.

На прашањето дали тоа ќе бидат санкции или царини, Трамп рече:

„Не морам да кажам. Ќе има многу сериозни последици.“

На прашањето дали е уверен дека може да го натера Путин да престане да ги таргетира цивилите во Украина, Трамп рече:

„Па, ќе ви кажам што е тоа. Имав тој разговор со него. Имав многу добри разговори со него. Потоа одам дома и гледам ракета како погодува дом за стари лица или ракета погодува станбена зграда и луѓе лежат мртви на улицата. Па претпоставувам дека одговорот на тоа е не, бидејќи го имав тој разговор.

Би можело да ве интересира

Трамп изјави дека САД размислуваат за „постепено намалување“ на операциите на Блискиот Исток

Федерален суд нареди враќање на новинарите протерани од Пентагон

(ВИДЕО) Иран: Одмазда за братот Наини, горат американските и израелските бази, Трамп ќе има судбина како Садам

Омански министер тврди: Трамп ја изгуби контролата врз надворешната политика

„Њујорк тајмс“: Подарок за Путин од Вашингтон – Трамп и Рубио најавија повлекување од преговорите за Украина

Иран немаше избор, а вие ја изгубивте контролата, Оман му испрати остра порака на Трамп

Катерина Ѓуровски