Трамп оствари „пријателски“ телефонски разговор со Нието

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието вчера оствариле едночасовен телефонски разговор, потврдија претставниците на двете земји.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека имал „пријателски разговор“ со Нието.

На заедничката прес-конференција со британскиот премиер Тереза Меј, Трамп потврди дека остварил разговор со мексиканскиот претседател.

Разговорот се случи еден ден откако мексиканскиот лидер ја откажа посетата на Вашингтон.

Мексиканскиот претседател ја откажа посетата поради изјавата на Трамп, дека „тој нема зошто да доаѓа во Вашингтон, ако Мексико нема намера да го плати ѕидот“ што ќе се гради долж границата на двете земји.

Трамп повтори дека американско-мексиканската граница е „порозна“ и дека преку неа пристигнува дрога во САД и најави повторно разгледување на трговските договори со Мексико.

Вчера, се влоши односот меѓу двајцата лидери, кога Нието ја откажа најавената посета на САД, за следната недела, откако Трамп потпиша налог за започнување на изградбата на ѕидот долж американско-мексиканската граница, како што претходно вети.

Претседателот на Мексико Енрике Пења Нието и претседателот на САД Доналд Трамп се согласиле да не даваат изјави за јавноста за планот на Трамп за изградбата на пограничниот ѕид, и при тоа да се потрудат да ги решат несогласувањата, соопшти мексиканската Влада.

Двајцата лидери остварија „конструктивен и продуктивен“ телефонски разговор за билатералните односи, стои во соопштението од кабинетот на мексиканскиот претседател.

Претседателите на САД и Мексико се согласиле дека ќе ги решат несогласувањата за трошоците за изградбата на ѕидот „како дел од севкупната дискусија за сите аспекти на билатералните односи“.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија