Трамп: Оставката на Моралес носи демократија на западната хемисфера

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека оставката на боливискиот лидер Ево Моралес претставува важен момент за демократијата на западната хемисфера.

Трамп му оддаде признание на боливискиот народ бидејќи барал слобода, како и на боливиската војска која ја почитувала заклетвата дека ќе го штити Уставот на земјата.

Тој оцени дека заминувањето на Моралес ја чува демократијата и го отвора патот да се слушне гласот на боливискиот народ.

Американскиот претседател нагласи дека случувањата во Боливија им испраќаат јасен сигнал на Венецуела и Никарагва дека „демократијата и волјата на народот секогаш победуваат“.

– Чекор поблиску сме до целосно демократска, просперитетна и слободна западна хемисфера, додаде Трамп.

Ево Моралес, првиот домородец претседател на Боливија, пред два дена поднесе оставка, откако тоа од него го побара војската, по неколку недели протести поради спорните избори во земјата. На него вчера му беше одобрен азил од Мексико, чии власти побараа од боливиското МНР да му се овозможи, според меѓународното право, слободно да излезе од земјата.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката