Трамп: Одлуката за повлекување од Авганистан е „срамна“

Од:

Доналд Трамп ја оцени како „срамна“ одлуката за повлекување на американските војници од Авганистан, што ја донесе администрацијата на актуелниот шеф на Белата куќа, Џо Бајден.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја даде изјавата по повод годишнината од нападите на 11 септември. Видео пораката на поранешниот американски претседател беше прикажана синоќа на собир на христијански активисти на централниот булевар во американската престолнина. Снимката беше објавена на Твитер од републиканската секретарка за печат, Лиз Харингтон.

– Преживеавме огромен, огромен срам минатата недела, се случи нешто страшно, донесени се страшни одлуки од оваа администрација, рече Трамп, мислејќи на повлекувањето на војниците од Авганистан. – Но, вие имате храброст и едноставно сте прекрасни, така што ќе биде можно да се надомести тоа, додаде поранешниот претседател, обраќајќи се пред присутните.

Собирот на христијански активисти, на кој беше прикажана видео пораката на Трамп, првично не беше наменет за одбележување на дваесетгодишнината од нападите на 11 септември.

Политичките противници на Бајден го критикуваа процесот на повлекување на американските сили од Авганистан. По нападот на аеродромот во Кабул на 26 август во кое загинаа повеќе од 200 луѓе, вклучително и 13 американски војници, голем број влијателни републиканци побараа оставка или импичмент на Бајден, поради тоа што дозволил да дојде до нападот во главниот град на Авганистан.

Би можело да ве интересира

Меркел: Не плашете се од Трамп

А1он

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ